Кошаркарите тренираа во Луксeмбург!(ФОТО)

56

Македонската сениорска репрезентација го одработи официјалниот тренинг во салата „Национален центар за спорт и култура“ во Луксембург, каде утре (16.00 часот) ќе се одигра натпреварот од шестото и последно коло од претквалификациската група „А“ за пласман на Евробаскетот 2029.

Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал се запознаа со условите за игра во арената во која ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и да го комплетираат овој квалификациски циклус со максимален ефект.

Стручниот штаб за гостувањето во Луксембург располага со скратен ростер. Поради претходно познати причини, во составот не се Андреј Јакимовски, кој има приватни обврски, Марко Луканоски, кој е со репрезентацијата до 20 години, како и Ди-Џеј Стјуард.

Нивното отсуство отвора можност за репрезентативно деби на Нејт Сестина. Натпреварот во Луксембург би можел да биде негов прв официјален настап во дресот на македонската сениорска репрезентација.

Иако првото место во групата и пласманот во втората рунда од претквалификациите веќе се обезбедени, македонските кошаркари имаат јасна цел – со нова победа да ја завршат оваа фаза од квалификациите и со максимални шест победи од исто толку натпревари да ја потврдат доминацијата во групата.

ПретходноДресот на француската ѕвезда е најпродаван на СП 2026
СледноУбедлива победа на Африканците: Мароко ја “реши“ Канада!(ВИДЕО)