Супер Кими Антонели беше најбрз во квалификациите за главната трка за ГН на Велика Британија. Младиот Италијанец ја освои пол – позицијата, па така утре ќе стартува како прв на трката на Силверстоун која почнува во 14 часот.
Со ова Кими го комплетираше совршениот ден, ако се знае дека успеа да победи на култната патека и во спринтот.
Ова покажува дека Кими очигледно дека се врати во старата форма, откако на последните две трки не успеа да победи.
На второто место во квалификациите се најде Шарл Леклер, а трет беше исто така на Ферари, Луис Хамилтон.
Џорџ Расел, совозачот на Кими во Мерцедес, утре ќе стартува од 4.позиција, се ова гарантира драматична и возбудлива трка на култната патека на Силверстоун за ГН на Велика Британија.










