Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се врати во полуфиналето против Јанаки Милев и да спаси две меч топки со тоа и да избори пласман во финалето.
„Навистина е дека одиграв еден од најтешките мечеви во мојата кариера. Успеав да се вратам и да спасам две меч топки. Во план ми е да се вратам таму каде што бев и да се пласирам на Гренд слем турнир“, кусо по мечот изјави Ивановски.
Во досегашната кариера Ивановски има играно на десет финалиња и има пет турнирски победи.










