Полувреме: Страшната Франција не успева да го пробие “бункерот“ на Парагвај!

66
ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/

Чудно, но вистинито. Парагвај има 0:0 после првото полувреме од 1/8 финалниот меч со страшната Франција. Јасно е дека селекцијата од Ј.Америка игра “бункер“, само со ретки обиди за напади, но “Триколорите“ во текот на целото првото полувреме не успеја барем еднаш да го пробијат противникот. Парагвајците борбени до максимум а во одредени моменти успеаја и да ги изнервираат моќните Французи. Јасно е исто така дека од Мбапе, Олисе, Баркола, Дембеле и останатите повеќе се очекуваше, но ајде да видиме како ќе биде во второто полувреме.

Оваа Франција не е таа Франција од првите четири меча на Мундијалот. Само еден удар во рамките на голот и тоа преку Кунде, но тоа беше лесна задача за голманот Хил.

ПретходноЗарем е можно: На седиштата на стадионот на мечот Парагвај – Франција измерени се 69,7 степени Целзиусови!
СледноМбапе со гол од пенал ја однесе Франција во 1/4 финалето!(ВИДЕО)