Две супер-фаворитки на Вимблдон си одат дома

125

Два шокантни порази во третото коло на женскиот турнир на Вимблдон. Двократната шампионка од Гренд слем турнирите и втора носителка на турнирот на Сеанглискиот клуб, Елена Рибакина не успеа да се пласира во осминафиналето откако денеска загуби од Белгијката Елис Мертенс (рангирана на 27-мо место) со 6-7 (4-7), 1-6.

Мертенс во четвртото коло ќе се соочи со Мари Бузкова од Чешка која е рангирана на 22-то место на ВТА листата.

Третиот светски рекет, Ига Швјонтек исто така не успеа да се пласира во осминафиналето на Вимблдон, откако беше поразена од 32-та тенисерка во светот, Александра Еала од Филипините со резултат 6:7 (9:11), 2:6.

Мечот траеше 2 часа и 14 минути. Следниот противник на Еала ќе биде Италијанката Јасмин Паолини.

ПретходноХрватска веќе го пронајде наследникот на Далиќ!
СледноМу го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа