Македонија остана на 69. место на ФИФА листата

45
ФОТО: FFM.MK

Во екот на светското фудбалско првенство, ФИФА ја објави најновата ранг-листа на светски репрезентации.

Македонија и овој месец останува на 69. место со 1369 поени. Пред нас остана селекцијата на Обединетите Арапски Емирати, но во пад за една позиција на 67. место се спушти Албанија.

На врвот се искачи фантастичната Франција која направи скок од две позиции, додека зад неа се симнаа Аргентина и Шпанија.

ПретходноАнтонели подобар од Хамилтон за нова спринт-победа
СледноФранција вечерва без Чуамени за дуелот со Парагвај