Убедлива победа на Африканците: Мароко ја “реши“ Канада!(ВИДЕО)

186
ФОТО:.facebook.com/ENMAROCofficiel/

Селекцијата на Мароко е првата која се пласира во 1/4 финалето на ова СП. Ова е уште еден голем успех за Марконците, ако се знае дека на минатиот шампионат во Катар беа четврти. Во првиот 1/8 финален меч, во Хјустон, Мароко со 3:0 славеше против Канада, и тоа со головите на Оунахи во 50. и 82.минута, за крај и Рахими стрелаше. Со оваа победа тие ја оправда улогата на фаворит иако треба да се признае дека во поголем дел од мечот Африканците не блескаа. Сепак, тоа се заборава, се памети само победата, и тоа убедлива и пласманот во четвртфиналето а таму ќе ги одмерат силите против подобриот од дуелот Франција – Пардагвај.

И онака Мароко си има проблеми со повреди, па капак на се беше повредата на Саибари уште во раната фаза на мечот. Канада подобро го отвори мечот, преку Дејвид ја имаше и првата шанса, но како минуваше времето, Мароко ја презеде контролата на играта, имаше неколку опасни закани кон голот на Канаѓаните.

Оунахи се покажа како херој на Мароко за победа и за пласман во 1/4 финалето, точка стави и Рахими во судиското продолжение или во 90+8.минута за конечни 3:0.

ПретходноКошаркарите тренираа во Луксeмбург!(ФОТО)
СледноMacedonian Open 2026: МТВ ќе го пренесува утрешното финале меѓу Ивановски и Орлов!