Го имаме најспектакуларниот трансфер ова лето: Од Дортмунд во деветтолигаш!(ФОТО)

184
ФОТО:.facebook.com/BVB/

Го имаме најспектакуларниот трансфер ова лето. Поранешниот германски репрезентативец и поранешен дефанзивец на Борусија Дортмунд, Баерн и Хофенхајм, Никлас Зиле, е нов член на аматерскиот клуб СВ Тифенбах, инаку деветтолигаш, официјално отворајќи сосема ново поглавје во својата кариера.
Многу германски медиуми го нарекуваат овој трансфер најатрактивен во историјата на СВ Тифенбах. Станува збор за клуб кој се натпреварува во Крајслигата во покраината Баден-Виртемберг, далеку од рефлекторите на Бундеслигата и големите европски стадиони.

По 13 години поминати во професионалниот фудбал, Зиле одлучи целосно да го промени својот начин на живот и да се врати на она што, како што вели, го натерало да се заљуби во оваа игра – чисто уживање во фудбалот.

Во интервју за Скај Спорт, тој ги објасни причините за својата одлука. „Се радувам повторно да го доживеам фудбалот од сосема поинаква перспектива, каде што станува збор само за играта, а не за бизнисот или парите. Двајца од моите најдобри пријатели играат за СВ Тифенбах, а едниот од нив е и тренер. По 13 години професионален фудбал, вистински подарок е повторно да го делам теренот со пријателите и да уживам во овој прекрасен спорт.посочи Зиле.

Наместо уште еден профитабилен договор или да ода во некоја егзотична лига, 30-годишниот дефанзивец избра сосема поинаков пат, играјќи аматерски фудбал со пријателите, без притисок од резултатите и милиони очекувања.

 

ПретходноРоналдо потврди: Ова ми е последен Мундијал!
СледноПолувреме: Промашен пенал, поништен гол…Бразил – Норвешка 0:0!(ВИДЕО)