Кошаркарите победнички и во Луксембург за перфектни „шест од шест“

132
Фото: ФИБА

Македонската кошаркаркса репрезентација на најдобар можен начин го заврши првиот дел од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 година. На последниот меч, нашите момци славеа на гости кај Луксембург со 66-80. Овој цисклус го звршуваат со максимални шест победи во исто толку одиграни мечеви за лидерското место во групата.

Македонија во следниот период ќе ги добие ривалите против кои ќе играат за да се пласираат во квалификациите за ЕП.

Кошаркарите имаа одредени падови во играта, но да не заборавиме дека во Луксембург го немаше Јакимовски и Луканоски. Но, добро се покажа новиот Американец, Сестина, кој беше лидер со 18 поени, Ташовски запиша 16. Двоцифрен број на поени имаа Стојан Ѓуроски 13, Какруки и Ефремовски имаа по 12 поени.

Македонија одигра одлично во првото полувреме по кое водеше со 27-46. Луксембург се биде да се врати во третиот период, кој го доби со 22-17, притискаше и во последните десет минути, но нашите момци се износеа одлично.

ПретходноЛеклер е победник на трката за ГН на Велика Британија
СледноСрбинот со рекордни 106 победи на Вимблдон: Новак преку Сафиулин до пласман во 1/4 финалето!