КуПС се чекираше во Скопје: Супер – не е многу жешко!(ВИДЕО)

147

Од вечерва експедицијата на КуПС, противникот на Вардар во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите е во Скопје. Информациите велат Финците биле радосни кога слетале во главниот град поради фактот дека не било многу жешко, ако се знае какви температури имаше минатите денови.

Сепак допрва ќе видиме како ќе биде во вторник вечерта на Арената “Тодор Проески“ во Скопје за кога е закажан првиот меч со шампионот на Македонија и тоа од 19 часот.

Утре во време на одигрување на мечот, фудбалерите на КуПС ќе го одработат оној вообичаен тренинг на Арената во Скопје.

ПретходноЕкстра засилување: Струга ТЛ се пофали и со Андреј Јовчевски!(ФОТО)
СледноКалин Ивановски до фановите: „Ми помогнавте да го освојам турнирот“