“Специјалниот“ го одбра клучното засилување од 60 милиони евра!

538
ФОТО:printscreen

Реал Мадрид не запира, а Жозе Мурињо даде зелено светло за трансферот на Алесандро Бастони. Не е тајна дека Португалцот сакаа уште еден стопер, откако Давид Алаба замина како слободен агент, а Раул Асенсио ќе биде на трансфер листата.
Иако го доведе Ибрахим Конате како слободен агент, Мурињо го сака и Бастони, со цел да ја засили конкуренцијата за Дин Хаусен, Едер Милитао и Антонио Ридигер.
Италијанецот треба да ја комплетира последната линија, во која како дефанзивци пристигнаа Дензел Дамфрис и Марк Кукуреља, за да одбраната на Реал Мадрид навистина функционира по вкусот на Жозе Мурињо.
Треба да се додаде дека Бернардо Силва пристигна за да ја засили конкуренцијата во средниот ред, и дека сега сè што останува е продажбата на прецртаните играчи.
Заедно со гореспоменатиот Раул Асенсио, се очекува дека во случај на вистински понуди да заминат и Фран Гарсија, Дани Себаљос и Аурелијан Чуамени, како и Едуардо Камавинга.
Не треба да заборавиме дека Ендрик се врати од позајмицата од Лион.

ПретходноФранција покажа дека и кога не блеска, знае да победува
СледноКошаркарите имаат една цел против Луксембург, а тоа е перфекција за крај