Тимот на КуПС противникот на македонскиот шампион, ФК Вардар во првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите веќе е во Скопје и го одработи официјалниот тренинг како и прес конференцијата. Дуелот кој е закажан за утре во 19:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје го носи тимот кој што е квалитетен и за нашата јавност енигма.
Тренерот на КуПС кој што патем има 34. години, Мика Нутинен е самоуверен во најавите дека доколку неговиот тим одигра како што знае и умее нема да има поголеми проблеми да се справи со Вардар.
„Подготвени сме и возбудени. Ова е а нас големо нешто подготвени сме за тоа. На сред сезона сме но тоа не е пресудниот момент, како ни топлината во Скопје. Што се однесува до Вардар како противник, гледавме многу мечеви од минатата сезона. Очекуваме многу добри играчи со топка. Добар напаѓач. Добри бекови од двете страни. Вардар е доминантна екипа во Македонија. Како да дојдеме до поволен резултат? Да си ги заршиме нашите обврски. Самоуверени сме. Доаѓаме со натпреварувачка форма, која што пак ќе повторам не мора да е пресудна. Вардар е силен на домашен терен, но имаме добри шанси да го минеме овој двомеч. Со добра игра тука, да ја завршиме задачата на домашен терен“ – рече Нутинен.










