Омерагиќ: Вардар се враќа каде што му е местото

100

Капитенот на актуелниот шампион ФК Вардар, Азер Омерагиќ, утрешниот дуел од првото коло од квалификациите од Лигата на Шампионите против првакот на Финска, КуПС го најави следната изјава.

„Мотив и привилегија да се претставува Вардар. По подолг период Вардар е во квалификациите на ЛШ, онаму каде што му е местото. Што се однесува до самиот меч одиме чекор по чекор, ке дадеме максимум па на крај ќе видиме колку и кој резултат ќе биде доволен за евентуален пласман понатаму“ – рече Омерагиќ па додаде.

„Подготовките ги минавме како што треба. Ни пријаше сиот овој период на запознавање со новиот тренер со новите играчи. Мислам дека одиме во позитивна насока“ – рече Омерагиќ.

 

 

 

ПретходноФабијани: За мене овој дуел на Вардар ќе трае 180 минути
СледноМика Нутинен: Ако ги завршиме нашите обврски ќе биде се ок