Кореецот Ли Канг-ин е ново засилување за „јорганџиите“

31
фото: Giallorossi.net @g_iallorossi (X)

Играчот од средниот ред на ПСЖ, Ли Канг-ин, е ново засилување за Атлетико Мадрид.

Според информациите од инсајдерот, Фабрицио Романо, мадридскиот клуб се согласил за трансферот на јужнокорејскиот репрезентативен играч од средниот ред. Договорот е вреден приближно 40 милиони евра.

Условите на личниот договор беа договорени пред неколку месеци.

Минатата сезона, Ли Канг-ин одигра 27 натпревари во Лига 1, постигнувајќи три гола и имајќи четири асистенции.

ПретходноСе огласи и Инфантино: Јас немам никаква врска со одлуката да се поништи црвниот картон на Балогун!
СледноФабијани: За мене овој дуел на Вардар ќе трае 180 минути