Ангелевски од Пелистер се пресели во Спартак Суботица

138

Младиот репрезентативец на Македонија до 19 години, Давид Ангелевски, е нов фудбалер на Спартак Суботица. Тој и официјално е промовиран како ново засилување за српскиот тим.

Ангелевски беше и на подготовките на тимот и веќе има одиграно еден пријателски меч против Алашкерт од Ерменија, на кој успеа да постигне и гол.

Минатата сезона Ангелевски одигра 13 натпревари за „зелено-белите“ во ПМФЛ.

ПретходноБизарно: Хендерсон заработи тешка повреда на раката прескокнувајќи рекламен панел (ВИДЕО)
СледноКлоп со порака до Американците: “Оставете го Балогун на клупата!“