Нејмар и официјално се прости од репрезентацијата на Бразил

193

На непосакуван начин секако и со пораз во осминафиналето од Мундијалот во САД, Мекиско и Канада, од репрезентацијата на Норвешка, еден од најголемите фудбалери во последната декада, бразилецот Нејмар реши да се прости од играњето во националниот тим.

Некогаш големата звезда на Барселона, а сега авторитет со искуство од неговиот матичен Сантос, Нејмар на овој турнир беше повеќе како „старецот“ кој што имаше што да им каже на помладите бразилски звезди и влегуваше на терен кога беше неопходно.

Така беше и синоќа против Норвешка, кога се обиде нешто да помогне во поразот од 1:2, но едноставно немаше спас.

Нејмар одигра 130 натпревари за Бразил, постигна 80 гола и е најдобар стрелец во историјата на земјата.

 

ПретходноОлуја, и „дожд“ од голови ја одведе Англија во четвртфиналето (ВИДЕО)
СледноАгире и официјално повеќе не е селектор на Мексико