Норвежаните погодени од настинки: Странд Ларсен e со треска, неколку играчи имаат кашлица и засипнатост

79
фото: FIFA World Cup Stats @alimo_philip (X)

Светското првенство почнува да ја истрошува норвешката репрезентација. Пред четвртфиналето против Англија во сабота, неколку играчи се болни и имаат помали здравствени проблеми.

Селекторот Столе Солбакен ги потврди информациите за норвешките новинари.

„Всушност, само Странд Ларсен имаше треска, но има и неколкумина кои имаат кашлица и засипнатост. Има климатизација, летови, соблекувални и сè тоа си го зема данокот и на здравјето. Во екипата и персоналот сме 50 луѓе, па би било речиси чудно ако нешто не се случи. Се надевам дека ќе бидеме добри до мечот со Англија“, изјавил Солбакен.

ПретходноЃоковиќ синоќа собори уште еден рекорд на Вимблдон
СледноПепе ги сака бисерите, а бисерите го сакаат Пепе  – Мичо е Пепе и немој да бидеш Мичо!