Пелистер ја продолжи соработката со тројца фудбалери

100

ФК Пелистер продолжува со градењето на тимот за новата сезона, ја продолжи соработката со уште тројца играчи.

Битолчани најавија дека активно се работи на екипирањето на составот за новата сезона, со јасна цел – создавање стабилен и конкурентен тим.
Клубот ја продолжува соработката со искусниот Христијан Грозданоски, кој со своето искуство, квалитет и професионален пристап останува важен дел од зелено-белиот состав.
Продолжува соработката и со младите фудбалери Христијан Стојановски и Габриел Крстевски, кои веќе беа дел од првиот тим и со своите настапи покажаа дека претставуваат важен дел од иднината на Пелистер.
„Со комбинација на искуство и младост, клубот продолжува да го гради составот кој ќе ги брани боите на Пелистер и ќе одговори на предизвиците во сезоната која следува.

Раководството на клубот и стручниот штаб продолжуваат со активностите околу комплетирањето на екипата, со уште нови информации кои следуваат во периодот пред нас“, велат од таборот на битолачни. 

Претходно„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“
СледноВенгер: Само една репрезентација може да ја запре Франција на Светското првенство