По 20 години во НБА: Кајл Лаури и официјално замина во пензија!

67
фото: Toronto Raptors @Raptors (X)

Легендарниот НБА кошаркер, Кајл Лаури го објави своето повлекување од професионалната кошарка.

За таа цел, 40-годишниот кошаркар потпиша симболичен еднодневен договор со Торонто, со што официјално го заврши своето 20-годишно патување во НБА со клубот каде ги забележа најголемите успеси во неговата кариера.

„Им благодарам на моето семејство, пријателите, соиграчите, тренерите и особено на навивачите. Ви благодарам, Торонто. Ви благодарам, Канада. Официјално е – се повлекувам како играч на Торонто Репторс“, рече Лаури во проштална видео порака.

Во девет сезони со „Репторс“, бекот беше шесткратен учесник во НБА Ол-стар натпреварот и му помогна на тимот да ја освои својата прва шампионска титула во историјата во 2019 година. Лаури играше и за Мемфис, Хјустон, Торонто, Мајами и Филаделфија, станувајќи еден од само 12-те играчи во историјата на лигата кои одиграле 20 сезони во НБА.

ПретходноКошаркарите до 20 години заминаа на ЕП во Словачка
СледноАргентина умешно ги искористи грешките на Египет во финишот