Едноставно Новак Ѓоковиќ е СУПЕРМЕН. По повеќе од пет часа најдобриот на сите времиња успеа со 3:2 во сетови да го победи Феликс Ожер – Алијасим и да се пласира во полуфиналето каде го чека Јаник Синер. Маратонот за ветеранот, кој со 39 години успеа да го победи Канаѓанецот во супер тај-брејкот во петтиот сет и да покаже дека сеуште во него има сила за големи резултати.
Ова за Новак беше најдолгиот меч на Вимблдон во кариерата, од каде ли само ја извади таа сила во него за да го победи одличниот Канаѓанец во овој 1/4 финален меч.
Интересно на овој меч се играа два тај-брејка и еден супер тај-брејк во последниот петти сет.










