Репрезентацијата на Бразил шокирачки е елиминирана од тековниот Мундијал во осминафиналето каде што беше целосно надиграна од Норвешка.
Селекторот Анчелоти не успеа да го издигне Бразил на нивото на кое што посакуваше и неговиот мандат се оценува како неуспешен.
По елиминацијата, федерацијата на Бразил сосема логично испрати чартер лет за враќање на репрезентативната експедиција од САД во татковината. Сепак, на огромно изненадување на сите, чартерот се вратил во Рио речиси празен.
Причината за тоа е фактот што 99% од репрезентативците со приватни авиони си заминале на одмор веднаш по мечот со Норвешка, па повратниот чартер го искористил единствено искусниот бек, Данило. Заедно со дел од стручниот штаб, лекарскиот тим, и функционерите на федерацијата.










