Неуспешна провокација…. на Џака му „мафтаа“ за знаме на Србија при изведувањето на пеналот

144

Синоќа репрезентацијата на Швајцарија по подоброто изведување на пеналите ја совлада Колумбија и се пласираше во четвртфиналето на тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада.

Регуларниот скор беше 0:0 па пеналите одлучуваа за победникот. Искусниот капитен на Швајцарија, Гранит Џака меѓу првите реализираше, а медиумите денес пренесуваат дека позадински, било пробано да биде испровоциран со знаме на Србија. Џака секако е албанец по потекло и често провоциран на ваков начин.

Тоа на дотичните навивачи не им успеа, затоа што Џака реализираше, а потоа и победи, а ќе остане мистерија за какви навивачи се работи. Колумбијци, Срби или можеби нешто сосема трето.

 

ПретходноСамо еден фудбалер се вратил во Бразил со репрезентативниот авион!
СледноЗверев си закажа полуфинале против најголемата сензација на Вимблдон