Македонецот Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Ц.Звезда! (ФОТО)

117
ФОТО:facebook.com/crvenazvezdafk

И официјално, Матеј Гаштаров (19) го продолжи договорот со српскиот и балкански гигант Ц.Звезда.

Македонецот во редовите на “црвено – белите“ ќе остане најмалку до 2029 година.

Инаку Гаштаров е предводник на нашата У-21 репрезентација и важи за еден од најголемите таленти или млади фудбалери на Македонија и на Ц.Звезда. Минатата сезона беше во Борац Чачак на позајмица, а сега ги минува летните подготовки со својата Ц.Звезда. Има големи шанси да остане во тимот за наредната сезона.

Со овој договор, Ц.Звезда покажува дека има доверба во младиот Македонец.

ПретходноКаде е „Клајне“? – На “тренинг“ во Скопје или чека „дил“ со Брегалница?
СледноПознати се стартните единаесет на Шкендија за мечот со Европа