МЗТ Скопје го потпиша првото странско засилување!

137

Босанскиот кошаркар Емир Крајиниќ (24 години, 208 см) е првото странско засилување на МЗТ Скопје во летниот преоден ро.

Станува збор за талентиран центар, кој одлично ги користи својата висина и подвижност и кој одлично се снаоѓа во рекетот, како во нападот, така и во одбраната.

Кошаркарската кариера ја почна во Слобода Тузла, каде што настапуваше во периодот од 2018 до 2024 година. Потоа направи трансфер во Промо, каде што бележеше просек од 13 поени и 7,4 скока по натпревар. Минатата сезона ја мина во дресот на словенечкиот прволигаш Златорог Лашко, каде што повторно имаше одличен учинок со просек од 12,5 поени и 7,1 скок.

Емир е вториот кошаркар кој потпиша за МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, во која го очекуваат големи предизвици во ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашната Суперлига.

ПретходноНов ден, нова шанса за прва победа на ЕП: Македонија на „мегдан“ со Хрватска
СледноЕве каков е ставот на Лајпциг за иднината на Елмас