Нов ден, нова шанса за прва победа на ЕП: Македонија на „мегдан“ со Хрватска

135

Македонската младинска мшка репрезентација денеска го игра вториот натпревар на ЕХФ Европското првенство. После поразот од фаворитот Норвешка, нашите ракометари ќе ги одмерат силите со Хрватска, мечот е закажан со почеток во 13:30 часот.

Исто како Македонија, противникот во првото коло запиша пораз, беше совлдан од Данска седум гола разлика. И на оваа средба исто беа постигнати голем број на голови, па токму затоа очекуваме интересен натпревар. Македонија има шанса, останува одбраната да биде на повисоко ниво од вчера, а за нашите момци веруваме дека имаат голема желба за победа.

Дуелот може да се гледа во живо на каналот на ЕХФ ТВ, но за тоа ќе мора да се претплатите.

ПретходноФабиани не ја научил до крај „лекцијата“ од Скалони!
СледноМЗТ Скопје го потпиша првото странско засилување!