Фабиани не ја научил до крај „лекцијата“ од Скалони!

626

Вардар е на прагот на елиминација уште во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите по дебаклот на првакот на Македонија завчера на домашен терен од финскиот тим КуПС (0:2). Гостите со убедлива игра и убедлива предност се враќаат дома а „црвено-црните“ преку својот тренер Кристијан Фабиани веднаш го лоцираа проблемот. Новиот тренер немал доволно време да го вкомпонира тимот, иако е тука од март, иако имаше многудневни подготовки во Италија иако самиот го правеше тимот на засилувања и заминувања.

А во исто време кога играше Вардар, играше и Аргентина на СП…

Се течеше некако идентично и се чинеше дека тоа е тактиката на „гаучосите“ на денот. Аргентина губи со 0:2 од Египет на СП, но губи и Вардар од КуПС. На Мундијалот тренерот Скалони, а во Скопје е Фабијани. Иста школа, ист стил на игра… Неговиот сонародник Скалони направи пресврт и стигна од 0:2 до 3:2, додека Вардар… знаете како заврши Вардар – остана на 0:2.

Каде погреши Фабиани? Да не не бил на часот кога предавал Скалони за тоа како се прави пресврт? Сигурно е некоја системска грешка или можеби во тоа што Скалони ги има Меси, Фернандес, Ромеро, а Фабиани мора со Кастењеда, Торес и Пуељо.

Во тоа е проблемот. Аргентинците во Вардар не се ништо подобри од нашите деца, нашите таленти како Маневски, Тодоровски, Данев или Спахиу. И сега и претходно важи истата констатација. Диего Кастењеда не може да биде главен играч на Вардар за големи натпревари. Тој може да биде за дуели со Новаци, Шкупи, Македонија Ѓ.П…

Да не зборуваме за многу фалениот и на хартија силен Герсон Родригес. Го купија за „резерва“? Или е закован за на клупа затоа што „дивеел“ на подготовките во Италија?

Но најлесно е да се каже: „Немав доволно време…“. Во фудбалот резултатите се бројат, а ако ги немаш – билет во еден правец. Барем во Вардар за билети се експерти.

Ќе ги тепаме два разлика во Финска

ПретходноШок за Мароко против Франција: Најдобриот стрелец го пропушта четвртфиналето
СледноНов ден, нова шанса за прва победа на ЕП: Македонија на „мегдан“ со Хрватска