Васоски: Имаме добар резултат, но ништо не е готово!

141

Силекс одличен, Силекс одигра машки, храбро и успеа на гости да слави против Динамо Минск со 0:1 и тоа со голот на Хасукиќ. Ретко кој во домашната јавност веруваше дека може да се случи вакво нешто, ама тимот на Александар Васоски навистина треба да се пофали.

Инаку ова е прва победа на гости во Европа за тимот од Кратово.

По мечот Васоски за “СпортСпорт“ истакна:
“Генерално заслужена победа, посебно ако се знае дека по финалето со Шкендија ни беше прва официјална средба. Јасно е дека екипата не е на 100 насто физичка спрема. Задоволни сме од резултатот, но остануваме цврсто на земја знаејќи дека Динамо Минск е опасна екипа, посебно на гости. Имаме добар резултат, меѓутоа не чекаат тешки 90.минути во Скопје каде треба да се одигра без еуфорија, со трезвена глава, мир. Исто со добра игра да повториме и да се пласираме во следната рунда“ заврши стратегот на Силекс.

ПретходноШкендија против Европа покажа како се игра во ЕВРОПА! (ВИДЕО)
СледноПознати се деталите: Еве колкава плата ќе има Клоп како селектор на Германија