„Да ги набијам на к** Инфантино, Трамп, ФИФА и уште еднаш Инфантино!“

170
ФОТО: Screenshot

Иако минаа неколку дена од скандалот со поништениот црвен картон на Балогун и тоа по желба на Доналд Трамп, иако САД се елиминирани од шампионатот, фудбалскиот свет не претстанува да бруи за ова.

Еден од оние кои беше најексплицитен во својот коментар е Јошко Јеличиќ, некогашен фудбалер на Хајдук и Динамо Загре, репрезентативец на Хрватска а сега аналитичар.

Еве што кажа Јеличиќ за медиумите во Хрватска…

Ајде малку да ја подигнеме работната температура, не можам да се возбудам. Значи, вака. Искрено, да ги набијам на к** ова Светско првенство, и ФИФА, и Трамп, и Инфантино, сè што се случува на Светското првенство, и уште еднаш Инфантино! Сите овие луѓе го отуѓија нашиот спорт од она што е суштината на фудбалот, што се луѓе од народот, најниските класи“, рече Јеличиќ.
„Тие го претворија во политика, неверојатна алчност, алчност и трчање по пари. Чувствувам гадење дури и кога гледам некои добри натпревари“, додаде тој.

Имаше и посебен коментар за случајот “Балогун“.
„Што е политика, ако не поништениот црвен картон на Американецот Фоларин Балогун? Тоа е толку лицемерно. По таква одлука, нема повеќе кредибилитет. Алчност, корупција, полнење на џебовите, сè знаеме, а ова сега е бесрамно. ФИФА го одобри мешањето на каква било политика во фудбалските асоцијации, а потоа се однесува вака. Што правиме следно?“

ПретходноФранција лета со авионите за депортација на азиланти од САД
СледноЧешко финале на Вимблдон: И Носкова се “чекираше“!