Јубилеен 70-ти европски меч за тетовци: Шкендија сака со победа да и покаже на Европа кој е кој!

52
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

По 15-ти пат вкупно или 13-ти во низа, Шкендија денеска одново излегува во Европа и тоа за нејзе ќе биде јубилеен 70-ти европски меч во нејзината историја. Тетовци во првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции гостуваат на Гибралтар (19.30 ч) каде се среќаваат со составот на Европа. Тим кој треба да се респектира, но исто така тим од кој не треба да се стравува. Шкендија едноставно треба да одигра во рамките на нејзините можности и со тоа ќе дојде до 25-јубилеен европски триумф.

Оваа пречка тетовци ќе треба, ќе мора да ја минат и да се пласираа во следната рунда, каде ги очекува двомеч со Браво (Словенија).Но, за тоа потоа. Сега пред нас е двомечот со составот од Гибралтар.

Вечерва свое деби на клупата на тетовци на официјален меч ќе има Артим Положани, некогашна играчка легенда на клубот. Тука е “костурот“ од минатата сезона во која Шкендија во Европа испиша историја и не само што влезе во групната фаза во ЛК туку се пласираше во 1/16 финалето и имаше европска пролет. Тоа е историја, а сега време е за нови победи и радости во Европа.

Вчера на пресот тренерот Положани и капитенот Ибраими истакнаа дека тимот од Гибралтар нема да се потцени, ќе се даде максимумот со цел да се дојде до победа за да во реваншот нема никакви проблеми. Единствено ќе го нема Себастијан Спахиу поради повреда.

Уште еднаш мечот Гибралтар – Шкендија ќе почне во 19.30 часот, судија е Констанос Фелас од Кипар.

За своите фанови Шкендија се погрижи да има пренос од овој меч на официјалниот клупски Јутјуб канал.

ПретходноЕве каков е ставот на Лајпциг за иднината на Елмас
СледноФилип Талески е осмото официјално засилување на ГРК Охрид за наредната сезона!