Неверојатно: Панатинаикос со буџет од 60 милиони евра!

229

Панатинаикос доживеа катастрофален неуспех минатата сезона, и покрај огромните инвестиции. „Зелените“ имаа одличен тим, предводен од Ергин Атаман, сопственикот Димитрис Јанакопулос се погрижи фајналфорот на Евролигата да се игра во нивната „ОАКА Арена“, но ПАО не стигна ниту до Ф4, бидејќи загубија од Валенсија во четвртфиналната серија.
За да биде уште полошо за Панатинаикос, Евролигата ја освои Олимпијакос во нивната сала, кој подоцна ги победи во финалето на плејофот од грчкото првенство.
Секако, следеа големи промени, Јанакопулос сака да освои сè следната сезона, а првиот потег беше разделбата со Атаман и враќањето на најтрофејниот тренер во Европа, Жељко Обрадовиќ.
Според грчките медиуми, српскиот стручњак ќе има историски висок буџет за формирање на составот, а тој веќе ја надмина бројката од 60.000.000 евра.
ПАО моментално има тројца кошаркари со најголеми договори во Евролигата, а како што стојат работите и како што Јанакопулос објави повеќе „бомби“, тоа би можело да се промени.
По Кендрик Нан и Најџел Хејс-Дејвис, уште еден играч добива минимална плата од 4.000.000 евра по сезона, а тоа е Гершон Јабуселе, кој потпиша договор за три сезони.
Покрај нив тројцата, Матијас Лесор заработува 2.700.000 милиони евра по сезона, Хуанчо Ернангомез 2.200.000, Исак Бонга 2.100.000, а Костас Слукас околу 2.000.000.
Џеди Осман, Мустафа Фал, Динос Митоглу, Јеријан Грант, Бранко Бадио и Никос Рогавопулос исто така имаат договори од милион долари.
Жељко Обрадовиќ има плата од 4.000.000 евра за сезоната, а неговите помошници вкупно 1.000.000.
Кога сè ќе се собере, со даноци и разни дополнителни трошоци и вработени во клубот, јасно е дека границата од 60 милиони евра е пробиена, а веројатно ќе се направат нови трошоци.
Дали тоа ќе биде доволно за да го собори моќниот Олимпијакос од сите свои тронови, останува да се види…

ПретходноИгњатов стрелец за Вележ, Елези и Ристовски во последните секунди се спасија од пораз на “Кошево“!(ВИДЕО)
СледноМајсторија на Мбапе + мајсторија на Дембеле и Франција е во полуфинале!(ВИДЕО)