Македонската младинска мшка репрезентација денеска го игра вториот натпревар на ЕХФ Европското првенство. После поразот од фаворитот Норвешка, нашите ракометари ќе ги одмерат силите со Хрватска, мечот е закажан со почеток во 13:30 часот.
Исто како Македонија, противникот во првото коло запиша пораз, беше совлдан од Данска седум гола разлика. И на оваа средба исто беа постигнати голем број на голови, па токму затоа очекуваме интересен натпревар. Македонија има шанса, останува одбраната да биде на повисоко ниво од вчера, а за нашите момци веруваме дека имаат голема желба за победа.
Дуелот може да се гледа во живо на каналот на ЕХФ ТВ, но за тоа ќе мора да се претплатите.










