Денвер објави: Еве каде Никола Јокиќ е на одмор!(ФОТО)

286
фото: Denver Nuggets (X)

Веројатно најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, конечно може да се одмори. По исцрпувачката сезона со Денвер во НБА лигата, тој се приклучи на српската репрезентација во квалификациите за Светското првенство, а потоа традиционално се упати кон рафтинг на Тара. Трократниот МВП на НБА не ја пропушта оваа авантура година по година, а овој пат е во друштво на својот брат Немања. Локацијата на српскиот ас ја открија Денвер Нагетс кои ја споделија фотографијата на социјалните мрежи. Србија ги продолжува квалификациите за Светското првенство во август, кога ривали ќе и бидат селекциите на Исланд и Италија, а по новата мисија во националниот дрес, Никола ќе се посвети на подготовките со Нагетс, кои не стигнаа далеку во плејофот минатата сезона.

Српскиот ас откри по победата над Босна во Пионир дека сака да ја заврши кариерата во тимот од Колорадо, но сепак, ќе почека до следната сезона за да потпише нов петгодишен договор за да заработи историска сума пари.

ПретходноВинисиус: Молам за прошка, ќе се борам нашиот сон за враќање на врвот на светот да се оствари!
СледноДали е ова е тајната на успехот на Норвешка?!