„Земјотрес“ во НБА: Леброн Џејмс има нов клуб!(ФОТО)

608
фото: Hoop Central (X)

Леброн Џејмс, еден од најголемите кошаркари во историјата, донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера. Барем така тврди познатиот НБА инсајдер Бил Симонс, кој тврди дека Кралот се враќа во Кливленд Кавалирс. Симонс откри во својот подкаст дека, според неговите сознанија, Леброн постигнал договор со Кливленд Кавалирс и дека наводно веќе го парафирал договорот со франшизата каде што ја започнал својата професионална кариера.
“Работата со Кливленд е завршена“ истакна Бил Симонс.
Доколку оваа приказна се покаже како вистинита, Џејмс ќе го носи дресот на Кавс по трет пат во својата кариера (играше од 2003 до 2010 година, а потоа од 2014 до 2018 година). Најголем белег остави во 2016 година, кога со Кавалирс ги победи Голден Стејт Вориорс и им ја донесе првата шампионска титула во историјата на франшизата. Со месеци се шпекулираше дали Леброн Џејмс ќе ја продолжи кариерата или ќе ги закачи патиките, а во вторник вечерта беше објавено дека судбината на еден од најголемите играчи што ги има видено кошаркарската игра е дефинитивно позната; да, Леброн ќе игра на 42 години, но не во Лос Анџелес Лејкерс.
Рич Пол, извршен директор на агенцијата „Клач Спортс“ и долгогодишен агент и соработник на Леброн, официјално ја потврди оваа информација. Според неговите зборови, Леброн лично им кажал на челниците на Лејкерс дека не се враќа во Лос Анџелес и дека можат удобно да продолжат да ја планираат иднината без него.

ПретходноДалиќ го чека „огромна плата“ во 68-та репрезентација?
Следно„Специјалниот“ го имаше првиот работен ден по враќањето во Реал Мадрид! (ФОТО+ВИДЕО)