Шпанија – Белгија 2:1. Победа на “Фуријата“ во спектакуларен меч од 1/4 финалето на СП. Па така во полуфиналето ќе гледаме епски дуел меѓу Шпанија и Франција.
Се играше 88.минута при 1:1, Кубарси шутираше, Ламенс кој влезе во игра место повредениот Куртоа, ја одби таа топка, натрча Мерино и стрелаше за 2:1, за победа и за полуфинале.
Спектакуларен меч во 1/4 финалето во Лос Анџелес. Руиз погоди за 1:0 за Шпанија, а израмни Де Кетеларе исто во првото полувреме.
Очекувано мечот започна со иницијатива, посед и доминација на “Фуријата“. Белгија строго во дефанзива со цел од транзиција нешто да се стори. Во 13.минута несфатливо Нгој играше со рака, ама ни ВАР ни судијата Мајкл Оливер не реагираа за пенал за Шпанија.
Јамал и другарите постојано креираа акции, имаа и шанси и зицери, ама водството дојде во 30.минута кога Руиз погоди за заслужени за 1:0 и голема радост.
Сепак ова водство не траеше долго, се играше 41.минута кога Де Кетеларе убаво со глава го матираше Унаи Симон за 1:1. Конечно голманот на Шпанија прими гол по цели 649 минути на СП.
Да споменеме дека на загревање пред почетокот на мечот голем пех за Белгија, се повреди Тилеманс, еден од најдобрите играчи. Неговото место го зазеде Ванакен.
Во продолжение од средбата одново иста слика на теренот. Шпанија е спектакуларна, доминира, има шанси и зицери, а Белгија многу опасна од контри.
Во 71.минута уште еден пех за Белгија. Поради повреда гоманот Куртоа, мораше да го напушти теренот, а место него на голот застана Ламенс.
И тогаш Мерино го користи одбивањето на топката на Ламенс по шутот на Кубарси и стрела за 2:1.
Уф, каков потег на Микел Мерино. И победа на Шпанија.










