Не се случи ново чудо: Зверев ја „реши“ сензацијата на Вимблдон за финале

88

Александар Зверев се пласираше во финалето на Вимблдон, откако го совлада Британецот Артур Фери со 3-0, по сетови (6-7 (0-7), 2-6, 4-6). Третиот тенисер во светот за првпат ќе игра финале на Вимблдон во својата кариера.

Германскиот тенисер не дозволи нова сензација на домашниот тенисер, кој 114-то место на АТП листата.

Првиот сет беше возбудлив, Зверев поведе со 1-3, но Бритнецот се врати, па победникот се решаваше после тај-брејк, кој Германецот го доби убедливо. Во вториот сет, приказната беше поинаква, Фери успеа да освои само два гејма, преостанатиот дел му припадна на фаворитот за 2-6. Доминација продолжи и во следниот, каде Зверев стави печат, но и потврда на својот квалитет во оваа прва полуфинална пресметка.

Германскиот тенисер во финалето ќе го чека подобриот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Синер.

ПретходноИХФ ги објавите учесниците за Супер Глоуб
Следно„Ни се случи катастрофа против Силекс…“