Официјално: Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички!(ФОТО)

182
ФОТО:facebook.com/fcrabotnicki/

Сега веќе е и официјално. Од денеска Работнички има нов тренер, а тоа е Баже Јанакиевски, како што „СпортСпорт“ најави пред неколку дена. Ова значи дека некогашниот гигант во мак – фудбалот со младиот стратег ќе се обиде следната сезона да има успешни настапи во ВМФЛ со цел експресно да се врати во елитата.

Инаку Јанакиевски е најпознат по тоа што во два мандата го водеше успешно Башкими.

Од денеска Работнички и ги стартуваше подготовки за тоа што го чека во претстојната сезона во ВМФЛ. Досега неколку играчи си заминаа, речиси целиот прв тим, сега на ред се ангажирање на адекватни засилувања.

Претходно„Ни се случи катастрофа против Силекс…“
СледноПотврдено: Португалија има нов селектор!(ФОТО)