Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

120
ФОТО:x.com/SpainIsFootball

Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во 30.минута. Белгија се разигра во последните минути и израмни со голот на Де Кетеларе во 41.минута. Ова е прв гол што го прима Унаи Симом по цели 649 минути.

Да споменеме дека во 13.минута Нгој играше со рака, но Мајкл Оливер не виде, а ни ВАР, дека има ситуација за пенал. Чудно.

Инаку Белгија игра без Тилеманс кој се повреди на загревање, па место него стартуваше Ванакен.

Победникот од овој меч во 1/2 финалето се среќава со Франција.

ПретходноДали е ова е тајната на успехот на Норвешка?!
СледноПанчев и Најдоски со порака до Гаштаров: Матеј, го носиш најубавиот дрес на светот!(ВИДЕО)