Браво момци: Македонија ја победи Словачка на првиот меч на ЕП!

202
ФОТО:.fiba.basketball

У-20 репрезентација на Македонија имаше успешен настап на стартот на ЕП Б дивизија попладнево. Избраниците на селекторот Никола Велев славеа против домаќинот Словачка со 71:63 и со тоа освоија многу важни бодови во групата А.

Македонските кошаркари покажаа квалитет, ги диктираа настаните во текот на речиси целиот меч, освен во првата четвртина и на крајот заслужено победија.

Првата четвртина ја добија домашните со 15:17, но затоа во втората Македонија просто ја декласира Словачка со 26:11 и тука се чини дека се реши победникот. Потоа се беше полесно. Македонија имаше во одреден момент во третиот период и +20 поени разлика. Словаците во неколку наврати со агресивна игра се обидуваа да дојдат до пресврт ама не успеаја во тоа. Иако во финишот и тоа како ја намалија разликата па и се заканија кога дојдоа на -5, но сепак на крајот Македонија се радуваше.

Во нашата репрезентација најефикасни беа Кириловски со 15 поени, Луканоски 11, Петрушевски 10, Трајанов и Грбовиќ по осум.

Утре во меч од 2.коло во групата А, Македонија се среќава со Ирска во 13.30 часот.

ПретходноНишто од 25-тиот гренд-слем трофеј: Синер сепак пресилен за Новак!
СледноВинисиус: Молам за прошка, ќе се борам нашиот сон за враќање на врвот на светот да се оствари!