Сега веќе е и официјално. Од денеска Работнички има нов тренер, а тоа е Баже Јанакиевски, како што „СпортСпорт“ најави пред неколку дена. Ова значи дека некогашниот гигант во мак – фудбалот со младиот стратег ќе се обиде следната сезона да има успешни настапи во ВМФЛ со цел експресно да се врати во елитата.
Инаку Јанакиевски е најпознат по тоа што во два мандата го водеше успешно Башкими.
Од денеска Работнички и ги стартуваше подготовки за тоа што го чека во претстојната сезона во ВМФЛ. Досега неколку играчи си заминаа, речиси целиот прв тим, сега на ред се ангажирање на адекватни засилувања.










