Шкендија својата сезона во Европа ја започна со убедлива победа од 0:5 на гости кај Европа на Гибралтар. Јасно е дека по овој резултатот тетовци веќе можат да се подготвуваат за второто коло и двомечот со словенечки Браво. Реваншот со тимот од Гибралтар во Скопје ќе биде само формалност.
По мечот тренерот на Шкендија, Артим Положани не го криеше своето задоволство по тие 0:5 и првата негова победа на првиот официјален меч на клубот од Тетово.
„Дефинитивно очекувавме тежок натпревар, но бидејќи резултатот е ваков, морам да им честитам на момците. Секако, постојат разни проблеми во играта што дефинитивно треба да ги исправиме, бидејќи ќе ни бидат потребни за континуитет. Оваа победа ни служи токму за овој континуитет, сакаме да одиме што е можно подалеку во ова натпреварување“.
Повторување на европскиот успех од минатата сезона…
„Мора да се обидеме да го повториме тој успех, бидејќи е исклучително убаво кога се повторува. Што значи, мора да го дадеме својот максимум бидејќи како што реков, е исклучително убаво ако се повтори, и за клубот и за македонскиот фудбал воопшто.“
Деби меч и деби победа…
„Што се однесува до личниот аспект, секако емоциите за овој клуб се високи. Среќен сум што практично ја добивам првата победа во Европските купови со мојот сакан клуб. И сакам овој сон да продолжи. Сега, што се однесува до играчите, сум исклучително среќен бидејќи сите во нападот постигнаа голови, а ова ќе ни служи и за континуитет“ заврши Положани.










