Гаштаров за СпортСпорт: Новиот договор е само мотивација да напредувам уште повеќе

61

Македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров потпиша нов договор со тимот на Црвена Звезда. Момчето кое што поникна во Вардар, па се пресели во Белград веќе неколку сезони се бори за место под сонцето во еден од најголемите клубови во Европа.

Тоа засега го прави очигледно добро, затоа што стави параф на нова соработка до 2029 година.

Гаштаров летово одработува подготовки со првиот тим на Звезда, а ќе видиме дали на крајот ќе замине на позајмица или ќе чека минутажа на „Рајко Митиќ“.

„Пресреќен сум и ова многу ми значи. Потврда дека работам како што треба. Новиот договор е награда за се она што го направив до сега. И мотив да работам уште понапорно, да напредувам. Да се биде дел од првиот тим на Црвена Звезда е навистина нешто посебно. Знам колку млади играчи сонуваат за вакво нешто. Знам дека сум привилегиран што сум во оваа ситуација. Ќе направам се за да ја оправдам довербата. Ова е сон кој што ми се остварува. Привилегија е да си дел од тим каде што се наоѓаат многу звезди. Од нив се учи многу. Раде Круниќ е мојот ментор што се вели во екипата. Ми дава многу совети, „копирам“ многу нешта од него на теренот. Тоа многу ми значи во моментов“ – вели Матеј Гаштаров за СпортСпорт од подготовките на Црвена Звезда.

 

ПретходноРомео Кастелен дел од новата управа на Брегалница
СледноКристијан Ефтимов: Добро е да се има предност, но не чека уште еден натпревар во Скопје