Довчерашните соиграчи Адебајо и Хиро се степале во Лас Вегас

69

Довчерашните соиграчи од Мајами Хит, Бам Адебајо и Тајлер Хиро, се степале во Лас Вегас, известуваат извори од НБА. До пред само неколку недели, двајцата беа дел од франшизата на Флорида, но Тајлер Хиро стана дел од размената за Јанис Адетокумбо.

Престојувајќи во истиот хотел и тренирајќи во истата теретана во комплексот, двајцата играчи се пресметале физички речиси веднаш по средбата.

„Според многумина, Адебајо влегол на теренот, а Хиро му рекол нешто. Потоа Адебајо му се приближил на Хиро и без двоумење го удрил. Личниот тренер на Хиро го држел Адебајо долу, а Хиро му се развикал на својот поранешен соиграч додека бил придружуван од обезбедувањето. Двајцата играчи ја напуштиле областа одделно“, велат извори за Атлетик.

Причината, се чини, лежи во коментарите што Хиро ги имал на својот алтернативен Инстаграм профил. Допишувајќи се со еден од навивачите, Хиро го критикувал Адебајо, кој се смета за елитен дефанзивец.

„Зошто навивачите на Хит се толку загрижени за мене и што правам јас? Не сум ли најдобриот играч во тимот во моментов“, се прашувал Хито во преписка со еден навивач, кој го уверил дека Бам Адебајо одлично ја врши работата како одбранбен играч меѓу Топ 5 во лигата.

„Ќе треба да ви платат 60 милиони за да бидете меѓу подобрите одбранбени играчи во некои вечери? Се прашувам…“, одговарал Хиро.

ПретходноПропадна трансферот на Едерсон во Мачестер Јунајтед
СледноКуПС ќе го пречека Вардар со полни трибини и македонска „шведска маса“