На огромно задоволство, тимот на Силекс во првиот дуел од двомечот против тимот на Динамо Минкс, во рамките од првото квалификациско коло за Лигата на Конференции, обезбеди на гостински терен победа од 0:1.
Пресуден беше голот од пенал на Хасукиќ во финишот на првиот дел кој што само ја потврди доминацијата на нашиот претсатвник до тој момент. Силекс имаше повеќе од играта, не се исплаши напротив, создаде повеќе шанси и заслужено победи на стадионот во Стара Загора, Бугарија. Таму мечот се играше поради УЕФА суспензијат за домашни мечеви на белоруските екипи.
Кристијан Ефтимов одигра одличен меч како и сите останати во составот на кратовци. Левата страна беше од најсилните оружја на овој дуел за Силекс.
„Остваривме добар резултат на гостувањето ,мислам дека пресудно беше борбеноста на играчите и тоа што одлично ги испочитувавме тактичките замисли на нашиот стручен штаб“ – вели Ефтимов за СпортСпорт, па додава.
„Силекс на реваншот во Скопје треба да одигра храбро паметно и мотивирано исто како и на претходниот натпревар. Да не си создава поголем притисок. Се подготвуваме во мир без преголема еуфорија , ќе го дадеме својот максимум и се надеваме на поминување во следната рунда. Одлично е да се има предност по првиот меч но има уште деведесет минути да се играат“ – вели Ефтимов.










