На ФИФА и текна како да ќари уште пари: Ќе ја продава тревата од финалето на СП

120

ФИФА објави дека ќе продава парчиња трева од стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, каде што е закажано финалето на Светското првенство на 19 јули. Цената на едно парче е 450 долари. Онлајн продавницата на ФИФА наведува дека секој сегмент од тревникот има димензии 17,5 на 17,5 на 17,5, но не прецизира дали е во сантиметри, инчи или милиметри.

„Поседувајте автентично парче од фудбалската историја – оригинално парче од теренот од финалето на Светското првенство во 2026 година, трајно зачувано во висококвалитетен акрилен држач со USB сувенир“, се вели во описот на производот.

Секоја копија ќе содржи оригинално парче трева од финалниот натпревар, сертификат за автентичност и специјално дизајнирана кутија. Производот е наменет за колекционери и фудбалски фанови. Парчињата од теренот ќе можат да се доставуваат само на адреси во Соединетите Американски Држави и Европа, а испораката ќе започне по финалето.

ПретходноКуртоа: Ова беше можеби мојот последен настап за Белгија
СледноДенеска на Мундијалот: Кејн VS Халанд, “Гаучосите“ сакаат полуфинале