Катастрофална трета четвртина и пораз за кошаркарите од Ирска

205
Фото: ФИБА

Македонската кошаркарска репрезентација У20 го запиша првиот пораз на Европското првенство Б Дивизија кое се одржуваа во Словачка. Нашите момци беа поразени од Ирска со 69-56.

Нашите кошаркари ниту еднаш не поведоа на оваа средба, а клучна за поразот беше третата четвртина во која одиграа под своите можности. Македонија во овој период постигна само пет поени, а прими 17.

После 20-13 за противникот во воведните десет минути, „црвено-жолтите“ го добија вториот период со 11-14, на одморот резултатот беше 33-27 во корист на Ирска. После катастрофалната трета четвртина, нашите кошаркари го подигнаа нивото на игра во последните десет минути, но тоа не беше доволно за пресврт.

Ќириловски со 17 поени и пет скока беше најефикасен во нашите редови, зад него беше Луканоски со 12 поени и 6 скока.

Македонија ќе има доволно време за одмор, бидејќи следниот меч го игра на 14 јули, а противник го има тимот на Шведска.

 

ПретходноМладинците поразени и од Данска, ќе разигруваат за пласман од 13 до 24 место!
СледноНов дебакл на Тиквеш и повторно од Балтика