Она што се наговестува веќе десетина дена, откако Германија испадна во елиминационата фаза од Мундијалот, очигледно дека ќе се оствари. Наследникот на Џулијан Нагелсман на селекторското место на Германија, ќе биде ни помалку ни повеќе туку Јирген Клоп.
Еден од најуспешните германски тренери во историјата се нафаќа на оваа фунцкија, односно преговорите помеѓу него и Германската Фудбалска Федерација се прогласени за успешни, па поработката многу бргу ќе биде и официјализирана.
Договорот на 58. годишниот тренер со DFB ќе трае до летото 2030 година, што значи дека тој ќе ја предводи Германија на Европското првенство во 2028 година и на Светското првенство во 2030 година, кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко.










