Играчот од средниот ред на шпанската репрезентациа, Микел Мерино го постигна победничкиот гол во четвртфиналниот натпревар против Белгија (2:1) синоќа. 30-годишниот играч од средниот ред влезе како резерва во 86-тата минута и постигна гол во 88-мата.
Во претходниот натпревар против Португалија (1:0), фудбалерот влезе како замена во 85-тата минута и постигна гол во првата минута од дополнителното време во второто полувреме.
Мерино стана првиот шпански играч кој постигна два победнички гола на натпревари од Светското првенство по 80-тата минута.










