Младиот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Александар Сотир, следната сезона ќе го носи дресот на екипата на Уникаха Малага. Сотир денеска потпишал договор со тимот од АБЦ лигата и следната сезона ќе се обиде да се избори за минутажа во најсилниот кошаркарски шампионат во Шпанија.
Првично тој ќе биде дел од У18 тимот на Малага.
Младиот репрезентативец на нашата земја кој минатата сезона играше за У16 репрезентацијата, беше дел од екипата на Елче.










