„Стегај“ се Македонијо… оваа Швајцарија наесен е во Скопје

637

Тековниот Мундијал го доживува својот зенит. Во тек се четвртфиналните мечеви во кои синоќа бранителот на титулата Аргентина по продолженијата обезбеди пласман меѓу четирите најдобри по триумфот над Швајцарија.

„Гаучосите“ имаа тежок испит пред себе, па по водството кое го донесе Мек Алистер, и израмнувањето на Ндоје, мораше во дополнителните половина час да обезбедува пласман понатаму со головите на Алварез односно Лаутаро Мартинез.

Швајцарија и тоа како покажа дека е светска велесила. Можеше комотно и таа да се најде меѓу четирите најдобри на планетава. Наместо тоа, швајцарците си заминуваат дома, со кренати глави и ќе чекаат нова шанса за сензација.

Патот до истата ќе им започне веќе во септември. И тоа не било каде. Туку во Скопје. на гостувањето кај Македонија во рамките од првото коло од новата Лига на Нации.

На 26 септември, Ндоје, Џибрил Соу, Фабиар Ридер и другарите ќе пристигнат на Арената Тодор Проески. Тогаш на мегдан ќе им излезат избраниците на селекторот Гоце Седлоски, кои што пак ќе имаат задача да го изненадат противникот.

Пред себе дефинитивно ќе имаат огромен предизвик. Светот синоќа виде колку може Швајцарија, а наскоро ќе види и колку може Македонија против една од најдобрите светски фудбалски репрезентации.

Македонијо „стегај“ се… зошто оваа Швајцарија дефинитивно во Скопје ќе пристигне по победа. Да им ја „расипеме“ забавата уште на почетокот…

 

ПретходноЈоновски останува во Германија, доби нов договор!
СледноКога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….