Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

40

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао.

Сенегал шокирачки во 1/16 финалето испадна од Белгија, откако имаше на само неколку минути до крајот на мечот предност од 0:2. Сепак, белгијаците најпрво израмнија, а потоа и победија со што ги оставија африканците во шок.

Тиао е на клупата на Сенегал од 2024 година, а ќе остане запамтен по скандалозното повлекување од терен во финалето на Африканскиот Куп кога поради незадоволство од судиските одлуки тој реши на репрезентативците да им нареди повлекување. Тоа Сенегал го чинеше потоа титула, која му е доделна на Мароко.

 

ПретходноМеси: Ова е за мене премиерен дуел против Англија, затоа е посебен
СледноБашкими ќе стартува следнава недела